Меѓународната федерација на новинари бара ослободување на Божиновски
Меѓународната федерација на новинарите, на 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 Јуни во францускиот град Ангерс, усвои ургентна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски.

Истакнуваме дека апсењето на новинарите за наводни кривични дела без никакви факти и докази, не е практика во слободни и демократски земји. Ваквите обвинувања придонесуваат за дискредитирање на новинарите како предавници и криминалци со цел да се наруши нивната доверба во јавноста, се вели во резолуцијата.
Светскиот конгрес на МФН го обврзува новиот претседател, белгискиот новинар, Филип Лерут, ургентно да ги повика македонските власти, МВР, Кривичниот суд во Скопје и македонскиот обвинител, веднаш да го ослободат Божиновски.