Мерцедес излетал од патот повредена сопатничката
23.11.2016 13:10
| KumanovoNews
Девојка е сериозно повредена откако од патот излетал автомобил во кој се превезувала.

Сообраќајната несреќа се случила синоќа во 20.40 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, на м.в.„Голубова куќа“, кога Ќ.Б.(35) од липковското село Извор, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со кумановски регистерски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата сопатникот во возилото И.Б.(28) од Черкеско село, се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена и задржана на лекување во Кумановската болница. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на целосно расчистување на случајот.