Мерцедес удри во ограда-двајца повредени
06.04.2016 13:21
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се сличи на улицата „Никола Тесла“ во Куманово.

Повредените се пренесени во Кумановската болница и се задржани за лекување.
До сообраќајката дошло кога автомобил мерцедес со скопски регистерски таблички, во 8 часот додека се движел од периферијата кон центарот на градот, од непознати причини изгубил контрола и излетал од патот, по што удрил во ограда на куќа. При тоа со тешки повреди по телото се здобил совозачот Р.И. (24), додека возачот Е.Н. (28) поминал со полесни повреди.
Полицијата изврши увид по што ќе се утврдат причините за сообраќајната незгода.