×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ми се одмаздуваат со монтирани фотографии затоа што не им дадов 8.500 евра, тврди Димитриевиќ

    15.03.2017 16:37 | KumanovoNews

    Директорот на гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, Горан Димитриевиќ демантира дека експлицитните фотографии, кои се објавени на социјалните мрежи се негови, туку тврди дека се работи за злоупотреба и монтажа која има за цел да го наруши неговиот углед и авторитет како раководител на образовна институција и интегритетот на неговото семејство, откако не прифатил уцена од 8.500 евра од непознато лице.

    Ми се одмаздуваат со монтирани фотографии затоа што не им дадов 8.500 евра, тврди Димитриевиќ

    Тој вели дека некој од лажен профил му побарал пари, наводно за операција на мајка му, па откако не му ги исплатил започнале проблемите. Прво, пред седум дена, му бил хакиран Фејсбук профилот и биле поставени фотографии со негов лик и со непримерна содржина, кои по интервенција на Фејсбук биле тргнати а профилот угасен, но виртуелниот напаѓач отворил лажен профил на негово име и повторно ги објавил сликите, а ги постирал и на Твитер.

    „Тоа не се мои фотографии. Сликите со мојот лик се украдени од мојот профил, а останатите се монтирани. Незнам кој е мотивот за оваа работа, верувајте. Ни политички, ни приватен, незнам кој се дрзна да поставува такви фотографии и кој стои зад сето ова. Мислам дека единствениот мотив е да се дојде до финасии преку уцена, бидејќи сум директор, поранешен тренер, кошаркар. Ја барам само вистината. Подготвен сум на секакво испитување за да се докаже дека јас не сум на срамните фотографии, - категоричен е Димитриевиќ.

    Денеска го пријавил случајот во полиција и верува дека истрагата ќе открие кој стои за овој чин, а сторителот ќе одговара. Директорот вели дека тој е жртва, бидејќи му е нанесена ненадоместива штета на угледот, но тврди дека има голема подршка од роднините, пријателите и колегите. Сепак размислувал и за оставка на функцијата од морални причини, но вели дека за тоа ќе се изјасни наредните денови.

    Компромитирачките фотографии, на кои е наводно, директорот на кумановската гимназија се објавени пред два дена на Твитер, а вчера се раширија на социјалните мрежи.

    Тоа предизвика шок кај кумановската јавност. Граѓани и родители бараат да се истражи случајот и да се казни виновникот, кој и да е, бидејќи се работи за образовна институција и никој нема право да се игра со нејзиниот углед.

    Димитриевиќ е директор од 2014 година, а предходно работел како професор по физичко воспитување во училиштето и истакнат спортист.