Сребрена медала за Миа Додевска на меѓународен пливачки митинг во Крушевац
Миа Додевска од Пливачкиот клуб „Немо“ од Куманово, освои второто место на меѓународниот пливачки митинг „Шаренградски куп“, која се одржа на 9 мај во Крушевац, Србија.
Миа се натпреваруваше во дисциплината 50 метри градно и постигна време од 42.29 секунди.
На натпреварот настапија тројца пливачи од кумановскиот клуб, а во истата дисциплина, Каја Милевска го освои осмото место со резултат 49.38. Одличен настап имаше и Жељко Младеновски кој заврши како четвртопласиран со време 48.50. Младеновски остана без место на пиедесталот за само 11 стотинки.
„Со овој настап, младите пливачи на Немо уште еднаш потврдија дека клубот има континуитет и квалитет на меѓународна сцена, а сребрениот медал на Додевска е уште една потврда за добрата работа со младите натпреварувачи“, велат од клубот.