×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мигранти бегаат од транзитниот центар Табановце

    10.03.2016 18:16 | KumanovoNews

     Четириесетина  мигранти, изминативе два дена избегале од транзитниот центар Табановце.

    Мигранти бегаат од транзитниот центар Табановце

    Тие го искористиле моментот додека немало струја во центарот и се оддалечиле во непознат правец. Ова не е првпта да побегне некој од мигрантите но не во толкав број, велат оние кои останале. Тие се жалат што неможат да го продолжат патот понатаму.

     „25 дена сум во кампот и не сакам да се вратам назад. Ние изгубивме се што имаме, сакаме да живееме мирен и безбеден живот во Германија. Ги оправдувам оние кои што побегнаа бидејќи сите сме очајни. Сите оние кои што имаат пари се обидуваат да заминат оттука“,-  изјави мигрант од Авганистан

    Над 400 мигранти претежно од Сирија четврти ден се во шатори во меѓуграничниот појас на македонско-српската граница. Поради лошито време и обилните врнежи се жалат дека повеќето од нив се болни бидејќи, спијат во мокри шатори. Тие се надеваат дека ќе извршат притисок и Србија ќе ги пропушти да го продолжат патот.