Министерот Нухиу го посети транзитниот центар Табановце
10.01.2017 14:43
| KumanovoNews
Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска го посети Прифатниот транзитен центар за бегалци во Табановце, во кој се сместени седумдесетина мигранти претежно од Блискиот Исток.

Притоа, министерот на децата бегалци во Центарот им подели пакетчиња – храна и играчки.
Истовремено, министерот Нухиу беше информиран од надлежните во Центарот, за актуелните состојби во центарот во врска со мигрантите сместени во овој објект.