Министерот Нухиу во посета на СВР Куманово
26.01.2017 16:39
| KumanovoNews
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска го посетил СВР Куманово, во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи и полициските станици во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат.

Министерот Нухиу ги посети и новите простории во кои ќе бидат сместени управните служби на СВР Куманово.
Денешната посета на министерот помина без локалните медиуми.