×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Мирно помина протестот “Правда за Алмир“

    04.07.2016 15:49 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово кои денеска протестираа по кумановските улици побараа строга казна за возачот кој го прегази 4 годишниот Алмир Алиу .

    Мирно помина протестот “Правда за Алмир“

    Претседател на здружението ЗАНИ (Глас), Бекон Лимани порача дека граѓаните очекуваат правдата да биде задоволена, а случајот да не се политизира.

    „ Загубата  на животот на едно дете не може да се компензира за ништо, но максималната казна на сторителот ќе ја намали болката на семејството. Апелираме до сите политички субејкти да ги остават политичките интереси на страна и на прво место да го стават општествениот интерес,- изјави Лимани.

    Протестот започна во 15 часот од пред поранешната зграда на ЗИК, по што продолжи по улиците во централното градско подрачје и заврши пред Кумановскиот суд. Граѓаните носеа слики од Алмир, а собирот помина мирно.

    „ Државата сега е на потег да го покаже своето вистинско лице, дали правдата во Македонија е за сите иста или е селективна. Барам законите да бидат построги за да не случуваат вакви трагедии,- вели Авди Авдиу, граѓанин.

    На случајот да не му се дава етничка конотација побараа и семејството Алиу и родителите на Бобан.

    Инцидентот се случи минатата сабота кога поради банална расправија и физичка пресметка, беше прегазено 4 годишното дете и неговите родители. Бобан доби 30 дена притвор.