Момче од Љубодраг фатено на Табановце
25.10.2016 12:38
| KumanovoNews
Жител на кумановското село Љубодраг, баран по потерница, ноќеска е уапсен на граничниот премин Табановце во обид да ја напушти државата.

Во 00.25 часот, при пасошка контрола, било утврдена дека Ј.М.(26) од с.Љубодраг, носител на словачка патна исправа, се регистрира на СТОП-листата и е предмет на потрага.
Приведениот е под истрага за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Ј.М. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.