Мени

Мртов маж пронајден на поранешното стрелиште

15.02.2016 14:44 | KumanovoNews

Во разурнатата зграда на порашеното стрелиште, денеска околу 14 часот пронајдено е безживотно тело на повозрасен маж.

Мртов маж пронајден на поранешното стрелиште

Според очевидци се работи за лице на околу 60 годишна возраст, кое било облечено во плава јакна, без обувки и со засукани ногавици. Човекот го пронашле деца од населбата Средорек и веднаш повикале полиција.

Од Кумановското јавно обвинителство велат дека на телото нема траги на насилство и нема основа за подигање на кривично дело. Се работи за идентификување на починатиот.