Мени

На македонско-српската граница пронајден леш во распаѓање

12.11.2016 09:28 | KumanovoNews

Во граничниот појас на македонско-српската граница, српска полициска патрола пронашла леш во распаѓање.

На македонско-српската граница пронајден леш во распаѓање

 Веднаш била известена македонската гранична полиција, дека на околу 20 метри од државната граница во македонска територија, во реонот на с.Стража бил забележан леш во фаза на распаѓање. Полициски службеници од полициската станица „Белановце“ се упатиле на наведеното место и пронашле човечки череп.

Поради непристапност на теренот, односно отежнато движење со возила и стемнување, СВР Куманово увид на местото на настанот ќе изврши дополнителнo.