×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце повреден полицаец - автомобил удрил во кабина за пасошка контрола

    19.12.2020 19:02 | KumanovoNews

     Полициски службеник е повреден на работното место откако автомобил удрил во кабина за пасошка контрола на граничниот премин Табановце.

    На Табановце повреден полицаец - автомобил удрил во кабина за пасошка контрола

    Синоќа во 22.30 часот на автопат Табановце - Куманово, на Граничниот премин Табановце, синоќа во 22.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел инсигниа“, со италијански национални ознаки, управувано од А.Р.(47) од с.Желино, патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(18) од Куманово и патничко возило „фолксваген пасат“, со словенечки национални ознаки, управувано од Г.И.(52) од с.Истибања, виничко.

    Притоа, возилото „опел инсигниа“ удрило во кабина за пасошка контрола, во која се наоѓал полицискиот службеник Е.Ф.. Во незгодата, Е.Ф. се здобил со повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје.

    Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Куманово.