×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце запленети динари и евра

    12.07.2016 15:11 | KumanovoNews

     Во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце запленети се девизи и српски денари.

    На Табановце запленети динари и евра

    Царината открила 2,37 милиони српски динари, при контрола на српски автомобил и личен претрес на возачот, кој бил пријавен за влез во државата. Во фиоката за документи, во фабричка преграда помеѓу предните седишта и во рачна торбичка на возачот биле пронајдени вкупно 3,57 милиони динари од кои согласно законските прописи му биле вратени 1,2 милиони динари-протввредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата. Остатокот од 2,37 милиони динари се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

    Во вториот случај се работи за италијански државјанин, кој со својот автомобил излегувал од државата. Тој пријавил дека носи 4.000 евра, а при претрес вово неговата торбичка биле пронајдени 13.800 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да го изнесе од државата, а 3800 се задржани.  За сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.