Наградени најдобриот полицаец и пожарникар во Куманово
Признанието најдобар полицаец годинава му припадна на Марјан Христовски додека за најдобар пожарникар е прогласен Орхан Амети.

Христовски е полицаец во оддлеот за интервнција во СВР Куманово, додека Амети во Територијалната противпожарна единица Куманово.
Наградите, рачни часовници, им ги врачи градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Тоа се луѓе кои ја одбележуваат годината со својата самопожртвуваност и неуморна работа за безбедноста на граѓаните, - изјави Дамјановски.
Двајцата се заблагодарија на подршката и укажаната доверба.
Претставува особена чест, задоволство и поттик за понатамошната работа, особено во оваа турбулентна година која претставуваше предизвик за полицијата, - изјави Христовски.
Благодарници добија Дејан Илиевски, командир во ТППЕ и Фарук Зекири заменик командир во СВР Куманово.