×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најмладите го одбележаа Денот на планетата Земјата

    22.04.2016 15:36 | KumanovoNews

    Под мотото „Дрвја за планетата Земја“ денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Целта е да се спроведат акции насекаде низ светот за засадување на приближно осум милијарда дрвја до 2020 година.

    Најмладите го одбележаа Денот на планетата Земјата

    Со различни активности, Денот на планетата Земја беше одбележан во Куманово.Најмладите од градинката „Бубамара“ садеа цвеќе,го уредуваа дворот и занималните,цртаа на платно и изработуваа еко кукли од рециклиран материјал.

    „Секој во својата група има различни активности, се црташе на платно, се изработуваше од рециклиран материјал еколошки кукли,со цел уште од најмала возраст да се подигне свеста за зачувувањето на животната средина“-изјави,Татјана Стојановска, воспитувач во градинката.

    Во објектот „Бубамара“ функциоионираат  билингвални групи,кои денеска  заедно учеа за Денот на планетата Земја.Воспитувачите, се задоволни од знаењето на децата, за важноста од зачувување на планетата и знањето кое најмногу го стекуваат преку песнички.

    Денешниот ден се одбележува во Македонија со повеќе акции..Денот на планетата земја за првпат е одбележан уште во 1969 година во Сан Франциско.