×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Наместо пари скипери барале скопските градоначалници

    12.08.2016 08:38 | KumanovoNews

    Општината Куманово одвои 1 милион денари помош за поплавените подрачја кои требаше да ги уплати на жиро сметка, но скопските градоначалници барале да се пратат мали камиони -скипери, механизација и работници за расчистување на последиците од катастрофалното невреме

    Наместо пари скипери барале скопските градоначалници

    Со парите што ги одвои за помош на поплавените подрачја општина Куманово обезбеди механизација  и средства за дезинфекција. Првичната одлука на Советот на општината да донира парична помош била сменета откако градоначалниците на скопските општини изречно барале од нивнитe колеги од другите градови да им пратат механизација наместо финансиски средства.

    „На барање на општините обезбедивме механизација која денеска ја доставивме до кризниот штаб на Град Скопје. Општината Куманово одвои средства во висина од 1 милион денари помош за поплавените подрачја, кои требаше да ги уплатиме на жиро сметка. Но, градоначалниците побараа тие пари да ги употребиме за обезбедување на техничка помош. Затоа закупивме скипер и механизација од неколку приватни фирми, а купивме и средство за дезинфекција. Денеска ќе го дистрибуираме бидејќи постои опасност од појава на заразни болести, - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Скипер, булдужер, багер, два камиона, пумпа за извлекување на отпадни води, приколка и возило за превоз на работници испрати вчера Куманово за поплавените. Механизацијата ќе остане на терен десетина дена. Во тој период ќе биде на располагање на кризниот штаб на Град Скопје и ќе се користи за расчистување на тешко пристапните површини.