Напаѓачот на жената во Бајловце ќе одговара за силување во обид
03.10.2016 14:38
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување во обид.

Пријавениот на 21. септември годинава околу 15 часот дошол во дворот на Ж.Б. во с. Бајловце и со употреба на физичка сила се обидел да изврши силување над истата. Во еден момент оштетената успеала да побегне по што го пријавила настанот во СВР Куманово.