Нападнат новинар на ТВ 24, го удриле со дршка од знаме по глава
Кумановецот Христијан Баневски, новинар во телевизијата 24Вести, синоќа е физички нападнат на протестот „За заедничка Македонија“ во Скопје.

Нападот се случил додека Баневски бил на работа. Прво го навредувале и попречувале да ги изврши работните обврски, а потоа според тврдењето на младиот новинар, еден од учесниците на протестот намерно го удрил со дршката на знамето по главата.
Нападот го пријавиле на организаторите, но им било речено дека тоа се случило случајно, бидејќи човекот не знаел да го вее знамето.
Ова е втор напад на новинари на протестите на „За заедничка Македонија“, откако на 28 февруари беше натепана новинарската екипа на порталот „А1он“.