×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Народниот правобранител отвори предмет за случајот со Сефедин, по што тој повторно е згрижен во Кумановската болница

    08.11.2023 15:52 | Оливера Пешевска

    Сефедин Куртиши е згрижен на психијатриското одделение на Општа болница Куманово, а се прават напори да се префрли на лекување на скопските клиники поради отворените рани на нозетет. Работите започнаа да се отплеткуваат откако за него отвори предмет службата на Народен правобранител од Куманово и поведе иницијатива за решавање на проблемот.

    Народниот правобранител отвори предмет за случајот со Сефедин, по што тој повторно е згрижен во Кумановската болница

    Во текот на вчерашниот ден Сефедин е вратен од  Психијатриската болницата во Бардовци, поради акутните рани на стапалата и нозете, упатувајќи дека прво треба да се лекува.

    „Од нашата посета на болницата во Куманово, во неговиот картон има информации дека има примено терапија, но нема лабораториски-микробиолошко и бактериолошки испитувања.  Се работи за тежок пациент кој не сака да соработува со лекарите, поради што не е воспоставена целона дијагноза на промените на нозете.  Ќе му се направат детални испитувања, по што ќе добие терапија и ќе биде задржан на болничко лекување. Ќе се најде решение за неговит случај“, изјави Гордана Тренчевска - Ристевска, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител, која додава дека по неговото опоравување ќе следат како ќе се одвива преземањето на случајот од социјалните служби.

    Таа вели дека Куртиши не е регистриран зависник, бидејќи нема документи и го нема во базата на податоци во ниту една институција. 

    Општинските служби ќе се залагаат и ќе интервенираат да се вклучат невладините организации, но Комисијата за меѓуетнички односи најверојатно по празникот, 11 Ноември, ќе се собере за да дискутира за случајот.

    „Мило ми е што е згрижен. Од понеделник кога ќе сме послободни, и ќе имаме повеќе време ќе видиме што и како е со човекот. Имам информации дека е од селото Доброшане, дека порано живеел таму, да ја најдеме таа негова фамилија, да комуцираме и да ги утврдиме причините зошто е во ваква ситуација,на улица а не во својата куќа. Значи мора да се утврди првин фактичката состојба“, истакна Ахмет Јашаревски член на локалната  Комисијата за меѓуетнички односи во Куманово.

    Сагата на Сефедин Куртиши започна пред дваесетина дена кога неговите соседи алармираа кај новинарите дека тој лежи беспомошно, неподвижен, болен , прегладнет и валкан. Откако краткотрајно беше згрижен на нервното одделение во болницата тој пак се врати на улица.Тогаш јавноста беше згрозена што е оставен на немилост на институциите пред очите на целиот град.