Навредливи пораки пред домот на Максим Димитриевски
27.02.2017 11:00
| KumanovoNews
Пораки со навредливи и заканувачки содржини ноќеска биле испишани на асфалтот на улицата пред домот на пратеникот Максим Димитриевски.

„Максо гробар на Македонија“, „Максо албански слуга“, „Максо предавник“, „Максо дали Куманово заслужува двојазичност“, се пораките кои осамнаа на улицата Ристовац.
„Лично го прашувам изманипулираниот што го напиша оваа пред мојот дом:
- Дали воопшто ме познаваш барем малку човеку?
Очајнички се вашите обиди за манипулација со јавноста, криминалци“, - напишал на својот фејсбук профил Димитривски.
Димитриевски случајот го пријавил во полиција.