Неколку которски села без струја
21.07.2016 09:16
| KumanovoNews
Пет села од которскиот реон денеска ќе останат без електрична енергија. Како што соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи, планиран прекини за снабдување со електрична енергија од 08:30 до 15.30 часот ќе има во селата Кшање, Кокошиње, Пезово, Кутлибег и Мургаш.

Во моментот нема дефекти ниту поплаки околу снабдувањето со електрична енергија во општините.