×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нема обвинение за претседателот на кумановскиот суд

    15.03.2016 08:51 | KumanovoNews

    Се уште нема обвинение против претседателот на Кумановскиот суд, Муса Сулејмани иако повеќе од 5 месеци е во притвор за кривично дело злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и областување.

    Нема обвинение за претседателот на кумановскиот суд

    Според Јавното обвинителство на Република Македонија, истражната постапка за Сулејмани и останатите 11 лица е во завршна фаза, односно се сослушуваат сведоците.

    Претседателот на Основниот суд Куманово е уапсен на 8 октомври 2015 година во акцијата „Удар„. Според тогашни информации на МВР, претседателот соработувал со криминална група од Арачиново и Студеничани што се занинавала со изнуди, лихварство, трговија со дрога и оружје и криумчарење мигранти. Организаторот на криминалната група контактирал со претседателот заради посредување во судски предмет за убиство во 2012 година. Притоа, член на семјството дал 24.000 евра за поткуп на претседателот, со цел да се ослободи од затвор еден од извршителите. Претседателот примил 19.000 евра, а за возврат дал насоки како да се однесуваат во постапката.

    Како што дознаваме случајот на Сулејмани го води обвинителот за Диво Насеље, поради што се смета дека доцни покренувањето на обвинителниот акт.

    По апсењето на Сулејмани во Кумановскиот суд за в.д. претседател е назначен Беџет Елези.