Ненад Тодоровски го фати крстот во „Светa Тројца“
19.01.2017 16:08
| KumanovoNews
Ненад Тодоровски (30) од Куманово го фати крстот во црквата „Света Тројца“, кој денеска, по повод празникот Богојавление-Водици се фрлаше во базенот.

„Посакувам здравје себеси и на моите најблиски, и верувам дека светиот крст ќе ми донесе многу среќа и бериќет, - изјави Тодоровски.
Тодоровски беше најсреќен меѓу петмината верници кои скокаа по крстот, а од Кумановско-осоговската епархија доби икона и златник.
Пред осветувањето на водата во црквата се одржа света божествена литургија на која присуствуваат голем број верници.