Невремето во скопско зеде жртва и од Куманово
07.08.2016 11:43
| KumanovoNews
Жена од Куманово загинала во синоќешното невреме што го зафати скопскиот регион.

Семејството се враќало од одмор од Охрид и биле во колоната автомобили што невремето ги зафати на обиколницата на Смилковско езеро. Големата вода го повлекла нивниот автомобил и почнала да го носи. За да ги спаси децата жената излегла од колата и се удавила, дознаваме неофицијално.
Децата и нејзиниот брат успејале да се спасат . Од СВР Куманово немаат информации за случајот.
Фото: (telegraf.mk)