×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ноќеска и утревечер кафеаните со продолжено работно време

    10.11.2016 15:02 | KumanovoNews

    Ноќеска и утревечер угостителските објекти во градот ќе работат со продолжено работно време.

    Ноќеска и утревечер кафеаните со продолжено работно време

    Предлогот на Секторот за култура, кафеаните и кафулињата во градот да работат подолго за 2 часа, поради Денот на градот, едногласно беше прифатен од советниците.

    Предвидено е во наредните два дена сите угостителски објекти да работата 2 часа подолго од работното време, кое им го дозволува законот. Кафулињата кои се отворени до полноќ ќе работат до 2 часот, кафаните наместо до 1 до 3, а ноќните клубови и дискотеките до 6 часот наутро. 

    „Тоа ќе значи дека секој ќе може да се организира според своите афинитети, односно да донесе музика за своите гости. Имаме шанса првпат да воведеме една нова традиција, по повод нашиот најзначаен празник, ослободување на Куманово“, - изјави неодамна градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Празничните ноќи треба да им овозможат на граѓаните, пред се на младите,  да имаат поголем избор на ноќен живот во деновите на празникот. За продолжување на работното време угостителите нема да плаќаат надомест.

    „Празнични ноќи„ се организираат по пример на манифестацијата „Бела ноќ„ во Скопје, со таа разлика што кај нив тоа е најдолгата ноќ кога се посетуваат музеји и културни манифестации, а кај нас угостителски објекти.