Нов паркинг за превозниците со мотокултиватори
Просторот под дивата депонија спроти маркетот Туш во иднина ќе се користи како паркинг за превозниците со мотокултиватори и трактори.
Оваа одлука е донесена во договор на општината Куманово, комуналната инспекција и СВР Куманово.
„Тука ќе биде станица за мотокултиватори, затоа што досега се паркираат на површини каде има густ соообраќај, и се создаваа тесни грла на сообраќајниците. Сметам дека со ова ќе биде надминат проблемот во градот и на минувачите и на возачите,- изјави Верче Лазаревска, од Секторот за инспекциски надзор.
Надлежните ветуваат дека откако ќе се исчисти, предвидениот простор ќе се тампонира и ќе се огради со бетонски столбови. Целта е овие возила да се тргнат од улиците во централното градско подрачје и прометните улици. Доколку сопственици на мотокултиваторите ќе ги почитуваат новите прописи ќе следуваат казни од комуналната инспекција и секторот за сообраќај.