Нови протести попладне „За Заедничка Македонија“
06.03.2017 11:53
| KumanovoNews
Во организација на движењето „За Заедничка Македонија“, денеска ќе се одржи нов протест во Куманово.

Според најавите протестот ќе започне во 18 часот од Зеленото пазарче на булеварот „Октомвриска револуција“.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени кои го загрозуваат унитарниот карактер на државата.
Досега во Куманово се одржаа 4 протести на кои граѓаните маршираа низ улиците во централното градско подрачје.