Новогодишни пакетчиња за децата од ранливи групи
Општина Куманово традиционално и оваа година ќе подели подароци на децата од најранливите категории на семејства.

Градоначалникот Зоран Дамјановски заедно со Дедо Мраз вчера ги посети: Дневниот центар за лица со попреченост кај ЧИК и Порака наша, и на корисниците им ги честиташе празниците со новогодишни пакетчиња.
„Отпочнуваме од тука, бидејќи на оваа категорија луѓе им е најпотребна нашата поддршка и помош. Посакувам се најдобро на сите деца. Да имаат добар живот и здравје, а на нивните семејства исто така им посакувам среќа и здравје за да може да се справат со сите предизвици во животот на на овие млади луѓе. Среќна нова година и божиќните празници“ – изјави Дамјановски.
Денеска пакетчиња ќе добијат и децата без родителска грижа, дечињата сместени на детското одделение во Кумановската болница и на децата од ромските семејства.
Утре во 12 часот на градскиот плоштад Дедо Мраз ќе ги израдува сите дечиња во градот со новогодишна програма.