×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Новогодишниот караван „Телеком за Македонија“ во Куманово

    16.12.2016 12:47 | KumanovoNews

    Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат над 2 000 деца од ранливи категории низ Македонија

    Новогодишниот караван „Телеком за Македонија“ во Куманово

    Во пресрет на Новогодишните празници, денеска во Куманово, Кавадарци, Битола, Неготино и Штип почна традиционалниот Новогодишен караван на Фондацијата „Телеком за Македонија„. Караванот кој се одржува четиринаесетти пат, годинава ќе израдува над 2000 деца низ Македонија.

    Акцијата ја организираат волонтери, вработени во Македонски Телеком. Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и болни деца сместени во здравствени институции.

    Од денеска, па сè до крајот на декември волонтерите ќе делат новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца, со една цел да им се донесе радост и Новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

    Дружењето со децата и дарувањето е традиција за вработените во Македонски Телеком и овој период на годината за нив е асоцијација за Новогодишниот караван. Некои од нив се дел од оваа хумана активност со години, а годинава караванот ќе го реализираат педесет волонтери.