Обележани пешачките премини во градот
Започна обележувањето на хоризонталната сигнализација во градот. Се исцртуваат пешачките премини и улиците во централното градско подрачје.
За оваа намена општина Куманово одвои 2,5 милиони денари.
Од понеделник започнавме со обележување на „Октомвриска револуција“ и „Ленинова“. Планот за работа го добиваме од одговорните од општина Куманово,- велат од ЈП Водовод, кое првпат ја извршуваа оваа работа.
Приоритет при одбележувањето, ќе бидат улиците покрај градинките, училиштата и здравствените установи. Со одбележувањето на хоризонталната сигнализација ќе се настојува целосно да биде покриено централното градско подрачје и приградските населби на општина Куманово. Согласно, планот, одбележувањето ќе се спроведува два пати годишно.