×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбедување не спречило кражби на цигари и тутун во Монопол

    11.05.2016 13:30 | KumanovoNews

    Т.А. (53), Ѓ.С. (61), Ј.В. (33) и Д.М. (26), сите вработени во Агенција за обезбедување на лица и имот „Фалкон“ ДООЕЛ-Штип, заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ и против непознатиот сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

    Обезбедување не спречило кражби на цигари и тутун во Монопол

    Пријавените, како службени лица задолжени за обезбедување на објектот Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД во стечај-Куманово несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања, при што на непознато лице му овозможиле во два наврати во јануари и март 2016 година со насилно обивање на катанец од влезна врата на магационот од тутунскиот комбинат да изврши тешка кражба и да одземе 28.632 килограми цигари во вредност од 94.768 денари и 1 килограм и 395 грама омотна хартија во вредност од 2.790 денари.