Облачно со повремен дожд на планините снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремен локален дожд, a на повисоките планини со повремен слаб снег, особено во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен јужен, а во зaпадните делови повремено засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди, а попладне во западните делови со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во сабота и ќе се прошират во останатите делови од земјава, на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. Ќе дува умерен јужен, а во зaпадните делови и засилен југозападен ветер.Од недела следува период од променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.