×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обуки за пријавување и оданочување на приходи остварени од имот под закуп

    19.10.2016 12:33 | KumanovoNews

       Управата за јавни приходи од 25 октомври 2016 година, во Куманово ќе одржи обука на тема: „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот“.

    Обуки за пријавување и оданочување на приходи остварени од имот под закуп

    Од УЈП ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се пријават и да ги посетат обуките. На еднодневното советување, посетителите ќе имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на пријавување и оданочување на остварените приходи и даночните поволности, велат од УЈП.

    За регистрација и учество на обуките, потребно е само да се пријавите на наведеното контакт лице (види Распоред на обуки http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/158), најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.

    Обуките се спроведуваат во рамките на Планот за управување со усогласеност на УЈП со кој се таргетира издавањето под закуп на движен и недвижен имот, а со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски.

    Предвидени се 46 работни средби со граѓаните од 36 општини низ Републиката.