×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обвинение за кумановецот што прегази дете

    23.12.2016 17:21 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинителен акт за убиство против Б.И. осомничен за прегазување на Алмир Алиу(4) во близина на Здравствениот дом во Куманово .

    Обвинение за кумановецот што прегази дете

    Во соопштението од Обвинителството објавено денеска, воедно се посочува дека против три други лица е поднесено обвинение за насилство.

    Обвинетиот на 25 јуни годинава заедно со неговата девојка чекал ред во здравствениот дом во Куманово и се скарал со родителот на Алмир за непочитување на ред, по што расправијата продолжила надвор од Здравствениот дом, кога членови на семејството  Алиу го нападнале Б.И. и неговиот брат. Обвинетиот со својот автомобил марка „мерцедес“ се обидел да ги прегази мајката, таткото и 4-годишното дете, кое од здобиените повреди почина.

    Братот на обвинетиот, тогаш тврдеше дека бегале од групата граѓани. Постапката се водеше како итна, а беше побарано и невро-психијатриско вештачење за пресметливоста на обвинетиот.