Обвинителство ja истражува причините за смртта на родилката
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопштуваат дека надлежниот обвинител од Куманово издал наредна за обдукција за починатата родилка од Крива Паланка, како и насоки за прибирање на информации за утврдување на утврдување на причините што довеле до смртта на родилката.
„Имено, во текот на вчерашниот ден сега починатата 37-годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа Општа болница – Куманово во ОЕ за гинекологија и акушерство, каде по безуспешниот обид за спонтано породување, со одлука на надлежните гинеколози се пристапило кон породување со царски рез. Изведувањето на царскиот рез течело нормално и на свет било донесено здраво машко дете.
По будењето од анестезија, на родилката и се влошила состојбата, по што итно е испратена во придружба на анестезиолог, анестетичар и медицинска сестра од интензивно лекување на скопските клиники. На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување била примена и покажувала знаци на живот. Откако починала била вратена во кумановската болница, по што бил известен јавен обвинител.
„Телото утринава е однесено на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија. По добивањето на обдукцискиот протокол јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката. На родилката ова и била седма бременост“, стои во соопштението на Обвинителството.