Од 1 јули се забранува увоз на половни возила
23.06.2016 08:17
| KumanovoNews
Од 1 јули граѓаните ќе можат да увезат половно возило само со стандард Еуро 4 или повисоко. На овој датум истекува и рокот за увезување на половни возила што се постари од 2005 година.

Граѓаните пак кои купиле половно возило со стандард Еуро 3 имаат рок до 30-ти јуни да ја платат царината и да ги завршат сите увозните процедури.
Рокот за хомологација засега е неограничен.
Во првите четири месеци од годинава, според податоците на Царинската управа се увезени 9.500 возила, односно скоро двојно повеќе од истиот период лани.