Од куќа на гастербајтер во Романовце украден пиштол
13.03.2017 12:51
| KumanovoNews
Украден е пиштол од куќа на гастербајтер во кумановското село Романовце.

Кражбата во кумановската полиција го пријавил роднина на Ј.Ш. (59) , кој се наоѓа на привремена работа во Швајцарија, откако видел дека некој провалил во куќата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што било констатирано дека непознат сторител, во периодот од 05.03.2017 до 12.03.2017 година, насилно ја отворил влезната врата од гаражата и влегол во куќата, извршил пребарување и одзел еден пиштол „Застава“ калибар 7,62мм. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.