Од ноември ќе започне изградбата на Ургентниот центар
За десетина дена ќе започне постапката за избор на изведувач на градежните работи за изградба на ургентниот центар во Куманово.

Завршени се сите подготвителни работи. Главниот проект е готов. Проценката е дека ќе чини околу 48 милиони денари. Од ноември оваа година ќе започне изградбата, а ќе трае наредната година. Ќе се трудиме да ја запазиме предвиденат динамика,- изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ургентниот центар во Општата болница Куманово ќе се гради на местото на сегашниот, со површина од 600 метри квардатни.
Овој проект беше промовиран во јули минатата година, а требаше да биде готов до крајот на оваа 2016 година.