×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од полноќ горивата поскапуваат

    06.03.2017 12:16 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска одлучи бензините од полноќ да поскапат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари по литар.

    Од полноќ горивата поскапуваат

    Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,58, односно за 2,25 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69,00 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  ќе се продава за 54, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 42,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,794 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,292 денари за килограм.

    Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,76 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,87 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.