Од стан украден пиштол и златен накит
09.03.2016 13:36
| KumanovoNews
Од стан во Куманово украдено е оружје, пари и накит.

Кражбата се случила вчера во периодот од 15 до 19 часот во стан на ул. „Веселин Вуевски“, сопственост на И.Д. (53). Непознат сторител влегол во станот и одзел пиштол калибар 9 мм со две рамки во кои имало околу 30 куршуми, 4.000 денари, 60 евра и поголема количина на златен накит. Откако го земел пленот крадецот побегнал. СВР Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.