Мени

Од утре штрајк на судската администрациjа

17.05.2016 12:38 | KumanovoNews

Во сите судови во државата, утре ќе штрајкува судската администрација.

Од утре штрајк на судската администрациjа

Од Основниот суд Куманово велат дека се одлучиле на ваков чекор, бидејќи Владата не го исполнила ветувањето за зголемување на платите. Админстрацијата бараше зголемување за 35 отсто.

Во судовите ќе се работат само притворски предмети, предмети со странски елементи и ќе се издаваат уверенија за патувања во странство и вработувања.