×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Денот на градот - 11 Ноември

    11.11.2016 15:58 | KumanovoNews

    Со повеќе активности денеска беше одбележана 72 годинишнината од ослободување на Куманово.

    Одбележан Денот на градот - 11 Ноември

    На Свечената седница беа врачени Ноемвриските наградите, а на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ, свежо цвеќа положија претставници од Сојузот на борците, локалната самоуправа, АРМ, МВР, политички партии, невладини организации, ученици и граѓани.

    „Куманово е светлата точка во антифашистичката борба, тука беше првото востание на 11 Октомври, формирањето на државата и одржувањето на АСНОМ. Куманово е симбол на слобода, просперитет и демократија„ - рече градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Ноемвриски награди добија: Рамо Рашидовски, култура, Мирослав Крстевски, директор КУД „Панче Пешев“, Неџат Акифи, новинар, Филип Колевски, тренер-атлетика, Верица Петровска, поетеса, Ваит Саити, директор во ЈП „Македонски шуми“, а правни лица Кумановски акцијаши и Радио „Бум“. Градоначалникот додели награди и на Димитар Масевски, публицист, Горан Стојковски, раководител на ЦУК, Никола Томовски спортист и рекламна агенција од Скопје.

    На одбележувањето на Денот на градот присуствуваа делегации од збратимените градови на општина Куманово, меѓу кои од Кампина, Драч, Саранда, Бјелина, Никшиќ, Чукарица и Беране.

    Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“, а на градскиот плоштад  концерт одржа групата Милиграм.