Одбележан Денот на олимпизам
На атлетскиот полигот во Куманово, денеска се одбележа Меѓународниот ден на олимпизмот.

На манифестацијата учествуваа спортисти, спортски работници, претставници од МОК, локалната самоуправа и ученици.
„Куманово е олимписки град, град на шампиони и спортисти, идни генерации кои еден ден ќе постигнат големи резултати и ќе ја бранат честа на државата на градот и на вашата генерација. Куманово денеска е дел од големото олимписко семејство, кое на индиректен начин со останатите градови во светот го слави олимпизмот како идеал, како дух на младите, разбирање на народите и на мирот. „, - рече претседателот на МОК Васил Тупурковски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски не го криеше задоволството што оваа година Куманово е домаќин на меѓународното прославување на Денот на олимпизмот.
„Куманово е град на шампиони, тројца наши сограѓани се закитија со олимписки медали. Куманово е амбасадор на спортот при промовирање на нашата држава.Токму затоа како прв човек на градот давам подршка на спортот и на изградба на спортски терни. Сакам да имаме уште многу спортски успеси во македонија и моите сограѓани, - рече Дамјановски.
Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски се кумановските олимпијаци.
На отворањето на културно- спортската манифестација со музичко-балетски точки настапија ученици од градот. Учениците се натпреваруваа во кошарка , футсал и трка на 200 метри .