×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

    02.12.2016 14:19 | KumanovoNews

    По повод 3. декември- Меѓународен ден на лицата со попреченост, денеска во Народниот театар Куманово се одржа сценско-музички перформанс „Пат околу светот“ во рамки на проектот „Моќно образовно партнерство“ – Програма општинско-корисна работа.

    Одбележан Меѓународниот ден на лица со попреченост

    На манифестацијата учествуваа деца со попреченост од двата дневни центри во Куманово.

    „Многу ми е драго што се организираат вакви претстави кои што покажуваат дека децата со попреченост имаат капацитет и моменти од својот живот кои можат да ги искажат“ – изјави Луиза Винтон, претставник на УНДП.

    Сценско-музичкиот перформанс е организиран од Одделение за социјална заштита во Општина Куманово и ангажираните лица во рамки на проектот и корисниците на проектните услуги- лицата со попреченост.

    Реализацијата на активностите од проектот „Моќно образовно партнерство“ Општина Куманово ја започна на 15 септември 2016 година и со истата ќе продолжи до 14 март 2017 година, како составен дел од Програмата Општинско-корисна работа 2016, во која се вклучени страни се Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Министерство за труд и социјална политика, Центар за социјална работа- Куманово и Агенција за вработување на Република Македонија- ЦВ Куманово, како и локални партнер институции.