Одложено судењето на Заев
Поради отсуството на бранителот на обвинетите се одложи судењето на Зоран Заев во Кумановскиот суд.
На рочиштето се појави само Мартин Костовски, а не присуствуваа првообинетиот Зоран Заев и Дамјан Манчевски, кои требаше да дадат своја одбрана.
Судењето е презакажано на 20 јануари наредната година.
Отсуството на адвокатот Мирослав Вуиќ го оправдаа со тоа што требало да присуствува на седница на ДИК.
На Минатото рочиште исказ даде оштетениот Цветковски, а беа сослушани сведоците: градоначалникот Зоран Дамјановски, Трајче Трајковски, Зоран Петрушевски и клиентка на Цветковски.
Пред судот, Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото кое се товарат.
Цветкоски ги тужи високите функционери на СДСМ заради објавување на
разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се
договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на
локалните избори во 2013 година во Куманово. Тој претходно поднесе тужба до
Специјалното јавно овинителство, но му беше отфрлена.