Одредени локации за бесплатно политичко рекламирање
Политичките партии од Куманово, кои имаат свои листи на пратеници за престојните парламетарни избори имаат на располагање неколку локации во градот за бесплатно политичко рекламирање.

Според списокот на општината, плакати и рекламни паноа партиите можат да постават во центарот на градот спроти такси станицата, на оградата на Зелениот пазар, на ѕидот на ЈП „Чистота и зеленило“ на улицата Доне Божинов, на потпорниот сид на Драган Стопаревиќ и на потпорниот ѕид на Трета МУБ.
Општината Куманово преку Секторот за урбанизам ги достави локациите за политичко реламирање без надомест до Државната изборна комисија(ДИК), која ќе изврши жребување и ќе им го одреди местото на партиите за поставување на рекламниот матерјал.