Одрони на Страцин
11.03.2016 09:52
| KumanovoNews
На патниот правец Куманово – Крива Паланка кај селото Страцин има свлечиште со кал и земја,кое зафатило една лента од патот.

Од АМСМ,препорачуваат возачите кои се движат по овој патаен правец, да бидат внимателни и да ја следат поставената сообраќајна сигнализација.
Екипи на Македонија пат работат на расчистување на патот.