Ограбена пицерија во Куманово
23.12.2016 16:45
| KumanovoNews
Две вооружени маскирани лица ноќеска во 3.20 часот по полноќ извршиле разбојништво над вработен во пицерија на ул. „11-ти Октомври“ во Куманово.

Напаѓачите, од кои едниот вооружен со пиштол, влегле во објектот и физички го нападнале вработениот, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата, при што му одзеле околу 16.000 денари. По настанот сторителите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.