×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ОJO Куманово: Работиме на расветлување на несреќата во лифтот

    27.06.2016 09:02 | KumanovoNews

     Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче.

    ОJO Куманово: Работиме на расветлување на несреќата во лифтот

    Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата.

    По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

    Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден издадена е наредба за обдукција на телото на починатото момче.